Објавено на:

(Видео) „Одисеј“ слета: Американците се вратија на Месечината по половина век

t

Соединетите Американски Држави (САД) се вратија на површината на Месечината за прв пат по повеќе од половина век, откако леталото „Одисеј“ направено од приватна компанија се спушти на јужниот пол на Земјиниот природен сателит по 73-минутно спуштање, пренесуваат светските медиуми.

Инаку, додека во американската вселенска агенција – НАСА траеше прославата за подвигот, кој агенцијата го поздрави како „џиновски скок напред“, сè уште немало непосредна потврда за статусот и состојбата на модулот, освен дека слетал на планираното место кај кратенот Малаперт А, пишува „Гардијан“.

Сепак, подоцна од „Интуитив машинс“ (Intuitive Machines), компанија од Тексас, чија креација е првото комерцијално летало коешто слетало на Месечината, соопштиле дека леталото е исправно и оти почнало да испраќа податоци.

Во сооопштение објавено на социјалната платформа „Икс“ од компанијата велат дека менаџерите на мисијата работата на обработка на првите снимки од површината на Месечината.

Таканареченото „меко слетување“ кое се случи вчера, а на кое Стив Алтемус, основачот на компанијата, му даде 80 отсто шанси за успех, е дизајнирано да отвори нова ера на истражување на Месечината, додека во меѓувреме НАСА работи на мисија за испраќање на луѓе таму до крајот на 2026 година.

„Добредојдовте на Месечината“, рече Алтемус при слетувањето на леталото на површината на Земјиниот природен сателит.

Инаку, ова е прв пат американско вселенско летало да ја допре Месечината, откако тоа последен пат го направи екипажот на НАСА од мисијата Аполо 17 во декември 1972 година. Истовремено, станува збор за прво комерцијално летало кое стапнало на месечевата површина по минатомесечниот неуспех на „Перегрин еден“ (Peregrine One), мисија која, исто така, беше во партнерство на НАСА со приватната компанија „Астроботик“.

„Денес, за прв пат по повеќе од половина век, САД се вратија на Месечината. Денес, за прв пат во историјата на човештвото, комерцијална компанија, американска компанија, започна и го водеше патувањето до таму. Каков триумф. Одисеј ја зазеде Месечината. Овој подвиг е огромен скок напред за целото човештво“, рече Бил Нелсон, администратор на НАСА.

Инаку, нема видео снимка од целосното автономно спуштање на „Одисеј“, но, камерата направена од студенти на аеронаутичкиот универзитет Ембри-Ридл во Флорида била дизајнирана да паѓа и да фотографира непосредно пред допирот, а камерите на НАСА биле поставени да ја фотографираат земјата од леталото.

Шестоаголниот модул за слетување Nova-C од 4,3 метри, кој вработените во копанијата го нарекуваат Оди е дел од иницијативата на НАСА за користење на комерцијални услуги за транспрот до Месечината, во рамките на која Агенцијата доделува договори на приватни компании, главно за поддршка на програмата „Артемида“.

Во конкретниот проект НАСА инвестираше 118 милиони долари за тргнување од Земјата, додека „Интуитив машинс“ финасираше дополнителни 130 милиони долари пред лансирање на „Одисеј“ на 15 февруари од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида со ракета „Фалкон 9“ од компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск.

Мисијата на НАСА е фокусирана на собирање податоци од лунарната средина во карпест регион за кој се верува дека е богат со замрзната вода, што потенцијално може да се искористи за поставување на постојана лунарна база која би била од клучно значење за иднините мисии на планетата Марс со човечки екипаж.

Научниците минатата година објавија дека веруваат дека ситните стаклени зрна расфрлани по површината на Месечината содржат потенцијално „милиони тони вода“ што може да се извлечат и да се користат во идните мисии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…