(Видео) Од волк на Путин до кученце на Мицкоски: Зошто Ленин не го блокираше Скопје кога Штајнмајер го убедуваше Мицкоски за уставните измени!

t

Зошто големиот „патриот“ Ленин Јовановски не го блокираше Скопје кога се менуваше името, се гласаше францускиот предлог, се гласаше за двојазичноста во Македонија, ова се прашањата кои ги наметнува јавноста откако голем број Скопјани поради лични интереси на директорот на „Слобода превоз“ е целосно блокирано.

Сепак е нејасно зошто „ноќниот волк“ на Путин, Ленин Јовановски го прекина протестот денот кога германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмајер ја посети Македонија со единствена цел, Македонија да продолжи по европскиот пат, односно да се промени Уставот со цел Бугарите да станат дел од него.

Со цитати од Блаже Конески и Петре М. Андреевски и молба до пратениците и граѓаните да мислат на заедничкото добро, а не на личната корист, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер од собраниската говорница побара да се надмине и последната пречка на патот кон ЕУ- уставните измени.

„Протоколот со Бугарија, неопходните уставни измени: тоа се прашања што ги засегаат луѓето во вашата земја, затоа што се работи за прашања на националниот идентитет, македонската историја, јазик и култура. Правилно е да се водат овие дебати со емоции. На важни социјални дебати им е потребна оваа страст. Сметам дека овие дебати можете да ги водите со самодоверба“, порача германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер во обраќањето пред државниот врв и македонските пратеници во Собранието, во рамките на неговата дводневна посета на Македонија.

На говорот на германскиот претседател аплаудираа и пратениците на власта и пратениците на опозицијата.

Joвановски во своето гостување во Радио Лидер призна дека единствената причина поради која ги прекинал протестите е да не му прави непријатности на германскиот претседател.

Се поставува прашањето како волкот на Путин се претвори во кученце на Христијан Мицкоски и наместо да ги штити националните интереси омекна во однос на европската иднина на државата и посетата на Штајмејер.

Погледнете го видеото во кое Ленин говори зошто ја прекинал блокадата на градот при посетата на Штајнмејер.

Веднаш по посетата на германскиот претседател на Македонија се појавија оние шпекулации дека токму Христијан Мицкоски на тајни средби на странски претставници ветувал промена на Уставот откако ќе дојде на власт иако претходно со нотарски гаранци тврдеше дека ќе си замине од политиката ако макар еден негов пратеник гласа за Уставни измени.

Инаку не е „воопшто“ партиски определен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами: Со Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгласаме…

Претседателот на Беса и еден од лидерите…

(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен

Автомобилот на министерот за национална безбедност на…

САД и испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Во супермаркети во Германија пронајдени над 100…

Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин…

ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан…

Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија…