Видео од заедничката акција на македонската и бугарската полиција во која беа уапсени двајца Македонци
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка и меѓународна полициска истрага насочена кон организирана криминална група составена од македонски и бугарски државјани, заедно со Одделот за борба против организиран криминал на Р.Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), преземаа синхронизирани дејствија и активности, при што на 10.02.2022 во Софија, Р. Бугарија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги. Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани.
Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори. Истовремено, на територијата на Република Северна Македонија, при претрес на дом, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и други хемиски супстанци во прашкаста и течна состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова ќе бара оставка од шефот на…
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…
Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Апсење кај Ќафасан, гостиварец фатен со околу…
Полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“…