(Видео) Општа тепачка во Тетово – не се знае кој кого удира со боксови!
Речиси да нема викенд да не се случи некој циркус во македонската кошарка, особено во Третата лига, откако на вчершаниот дерби меч од западната група помеѓу Тетекс и мега баскет (71-65) се случи општа тепачка во која летаа тупаници на сите страни.
Иницијатор на турканицата беше гостински кошаркар, кој со нога удри еден од домашните играчи, но не со интензитет да го повреди или да предизвика голема мешаница. Но, неговиот потег ги испровоцира тетовските кошаркари, кои одговорија со тупаници, влечење, туркање. За среќа немаше повредени, па откако се смири ситуацијата судиите решија да исклучат најголем дел од играчите и тренерите. Средбата се доигра со само седум кошаркари во поле, од кои четири беа на Тетекс, а тројца на Мега баскет. Тоа го искористи домашниот тим, па во последните три ипол минути направи пресврт и со серија 16-4 дојде до бодовите.
Ова беше дерби на двата најдобри тима во Трета лига-Запад и воедно прв пораз за Мега баскет, која сега е изедначена на врвот со Тетекс со по 23 бодови.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…