(Видео) Општина Аеродром го скрати спонзорството за МЗТ од 24 на 12 милиони денари

t

Општина Аеродром е во толку лоша финансиска кондиција што почна да штеди дури и на спонзорството за кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, соопшти на прес-конференција Марко Данилоски, секретар на ОО СДСМ Аеродром.

– Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ преку Советот на Општина Аеродром ја преполовија сумата која се доделуваше како спонзорство на најголемата аеродромска гордост МЗТ.

Само 12 милиони денари Општина Аеродром одвои за спонзорство на МЗТ за 2025 година. Само за потсетување во 2021 и 2022 година овој износ беше 24 милиони денари што е двојно повеќе во однос на износот кој Митески го предвиде за оваа година.

Митески, Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ пред само 4 години ветуваа враќање на МЗТ во АБА 1 лигата. Наместо тоа МЗТ испадна и од АБА 2 лигата.

За тоа време финансиските извештаи за работењето на МЗТ се најстрого чувана тајна во Општина Аеродром.

Јавно го прашуваме градоначалникот Дејан Митески, дали е точно дека МЗТ должи на играчите? Дали и колку должи по основ тужби заради неисплатени плаќања кон играчи?

Дали е точно дека тоа е една од причините за блокадата на сметката на клубот во текот на минатата година?

Прашуваме зошто не се објавени јавно финансиските извештаи за работењето на МЗТ? Зошто истите не се разгледуваат на седниците на Советот на Општина Аеродром?

Митески и ВМРО-ДПМНЕ должат многу одговори.

Нема да дозволиме МЗТ да се претвори во пералница на пари и инструмент за богатење на поединци.

На МЗТ му е потребна помош и искрена поддршка, а не лажни предизборни ветувања.

МЗТ денес е понижен, а неговите искерни поддржувачи се прелажани. Памтиме времиња кога играчите вадеа срце на терен, а од навивањето на Фемили Аеродром се тресеше цел Балкан.

На МЗТ му е потребно обединување од страна на сите политички, партиски и непартиски субјекти. Само со искрена поддршка ќе го вратиме МЗТ на победничките патеки, истакна Данилоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Жена влезе гола во фонтана во…

Необична сцена ги изненади минувачите во скопската…

Птица заглавена во моторот спречи авион да…

Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…

(Видео) Вандализам во Аеродром: Млади луѓе кршат…

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Иран го нападна аеродромот во Кувајт,…

Меѓународниот аеродром во Кувајт беше погоден од…