(Видео) Општина Карпош донира по 500.000 денари за Турција и Сирија: Јакимовски апелира да надвладее светската солидарност и да се тргнат санкциите кон Сирија

t

Општина Карпош ќе донира парични средства за настраданите во катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот Стевчо Јакимовски.

– Сакаме да ве инфорираме дека Општина Карпош, на барање на советник од советничката група на Левица, којашто сите останати советнички групи ја прифатија едногласно, да свикаме вонредна седница на која ќе се даде помош за настраданите во земјотресите во Република Турција и Сирија. Советот на Општина Карпош едногласно донесе одлука да се доделат финансиски средства од по 500.000 денари за двете настрадани држави. Покрај тоа сите советници одлучија да издвојат по 10% од својот паушал како и градоначалникот од својата плата, во исто време покажаа солидарност и вработените во Општина Карпош кои исто така сите ќе издвојат дел од својата плата. Овие средства ќе бидат уплатени на посебна сметка за солидарен фонд и во исто време ги повикуваме и правиме иницијатива до сите физички и правни лица на територијата на Карпош да донираат средства на оваа отворена сметка се со цел да помогнеме на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Карпош не заборава дека е подигнат и се развивал благодарение на светската солидарност, сите бараки на територија на Општина Карпош како и сите згради како Романска болница се изградени од светската солидарност.

Во исто време сакам да упатам апел до сите земји во светот да се тргне блокадата за помош кон Сирија, режимот во Сирија е едно, страдањата и маките на граѓаните и дечињата во Сирија се нешто сосема друго и апелираме да се даде помош и за Арапската Република Сирија затоа што во вакви катастрофални состојби светската солидарност треба да биде на висина.

Само да потсетам, кога беше земјотресот во Скопје многу средства тогаш западнаа од западниот капиталистички свет иако Југославија тогаш беше социјалистичка држава и знаете како постоеше поделба по тој основ, аналогно на тоа исто така сметаме дека средства треба да се упатуваат и кон Арапската Република Сирија, истакна Јакимовски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени 40 припадници на Исламска држава во…

Повеќе од 40 лица се приведени во…

Реки по улиците: Хаос и поплави во…

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден…

Официјално: ТУРЦИЈА ОДОБРИ ЕКСТРАДИЦИЈА НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ!

Турција официјално ја одобри екстрадицијата на првоосомничениот…

Спречен терористички напад во Турција: Уапсени седуммина…

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја…

Девет железничари во Турција осудени на над…

Судот во Турција осуди деветмина железничари на…