(Видео) Орбан: Унгарија е пријателско место за украинските бегалци, секој кој што ќе ја премине границата е прифатен

t

Унгарија формира центри за бегалци, испраќа пратки со помош во Украина

Шест центри за помош ќе започнат со работа од понеделник долж границата со Украина за поддршка на бегалците кои бегаат од конфликтот, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Министерот најави и испорака на помош од 28 тони храна во западниот украински регион Транскарпатија, објави Hungary Today.

Дополнително, земјата испрати 100.000 литри гориво за возила за болници, амбулантни возила, хуманитарни организации и агенции за заштита од катастрофи.

Сијарто рече дека 66.000 премини од Украина се регистрирани од избувнувањето на војната во четвртокот.

Унгарија е „пријателско место“ за луѓето кои бегаат од Украина, рече премиерот Виктор Орбан во саботата, додавајќи дека секој што ја преминува границата од Украина е прифатен.

„Правилото е дека на сите бегалци мора да им се помогне“, им рече тој на новинарите за време на инспекцијата на границата со Украина во Берегсурани.

„Гледам дека меѓу оние што живеат овде постои унгарско-украинско пријателство што сега е опиплива предност за Украинците“.

Премиерот, исто така, рече дека додека линијата на фронтот на конфликтот засега останува далеку од Унгарија, мора да се предвидат воени дејствија во Закарпатија.

Следните недели „ќе бараат посилна смиреност, бидејќи не сакаме да се вклучиме во овој вооружен конфликт“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…