(Видео) Османи ја повика на дуел Силјановска-Давкова: Јас ќе разговарам за интеграција, таа нека аргументира за изолација

t

Нудам јавна покана за дуел со мојата привкандидатка Гордана Силјановска-Давкова или, пак, да дојде како гостинка на мојот поткаст. Јас ќе разговарам за интеграција, таа нека аргументира пред граѓаните за изолација. Јас за соживотот, таа за 61 пратеник. Јас како да стигнеме до европски пасош, таа за тоа како луѓето се приморани да стигнат до бугарски пасош.

Ова вчера го изјави претседателски претседателскот кандидат поддржан од ДУИ Бујар Османи кој ја повика неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на дуел, со што како што рече, би разговарале за она што го нудат, додава тој, од една страна Европскиот фронт, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ.

Според Османи, повикот Силјановска-Давкова и нејзината политичка партија за 61 пратеник, како што рече е најнационалистичкото, најетночентристичко и шовинистичко повикување во една мултиетничка држава, бидејќи, додава, со тоа се прави исклучување на сите останати заедници од процесот на одлучување.

„Вклученоста на сите во една мултуетничка демократија е клуч за стабилноста и хармонијата“, рече тој.

Османи рече дека во оваа кампања се нудат две алтернативи, како што вели, европска интеграција наспроти изолација, соживот наспроти исклучување пред слоганот 61, европски пасош наспроти бугарски пасош.

„Тоа се двете алтернативи пред кои се соочени граѓаните. Европскиот фронт, наспроти ВМРО-ДПМНЕ и госпоѓата Силјановска-Давкова“, рече Османи.

Од тимот на Османи соопштија дека ниту Силјановска-Давкова, ниту штабот на ВМРО-ДПМНЕ не одговориле на упатената покана за дебата. Оттаму велат дека Силјановска-Давкова пред неколку дена само реагирала дека нејзниот повик за освојување на мнозинство во Парламентот не претставува национализам, како и дека изборите не претставуваат референдум за ЕУ.

Кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска утрово на нејзниот фејсбук-профил напиша дека и пренеле дека ја спомнанала во својот говор во Центар.

„Се изненадив кога чув дека она наше утринско кафе било дебата!?! Јас го сметав за забавна програма. Го повикуваш Стево на серија дебати! А не го почитуваш. Повикај ме мене! Еве, сега кога е јасно дека соочување нема да има, те поканувам не на кафе, туку на една единствена дебата. До вчера велеше дека ова била твоја емоционална (!?) желба да разговараме ад рем, а не ад хоминем, (нешто што сега се води меѓу вашите два табори). Арно ама науката и твојот научен сенс ти кажувал дека наспроти тебе ќе бил Стево! Ајде да го смениме тоа! Притоа не условувам како твојот тим и барам фаталистички услови: или седум или јок дебата!“, напиша Ванковска.

Инаку, сите седум кандидати за шеф на државата неодамна дадоа согласност за учество во двете мастер дебати кои требаше да се одржат во пресрет на првиот круг од претседателските избори закажани за 24 април.

Потоа од изборниот штаб на пендаровски соопштија дека најавените мастер дебати помеѓу седумтемина претседателски кандидати, кои беа иницирани од актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, нема да се одржат, посочувајќи дека не биле создадени услови за одржување на дебатите.

И други форми на ТВ соочувања на претседателските кандидати иницирани од некои од националните телевизии во земјава не се одржаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гостиварец со ,,Волво” удрил мечка на автопатот…

На 23.10.2026 околу 22:15 часот во СВР…

УБИЕН БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН: Трето убиство за три…

Бугарскиот бизнисмен, поранешен пратеник и поранешен европски…

Не мора секој да студира, некој треба…

Оштетувањето на инвентарот во студентскиот дом „Стив…

Песков најавува преговори за Украина во Абу…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави…

Ким Џонг Ун пристигна во посета на…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во…