(Видео) Остај ти НАТО ќе не’ брани, треба да се вложи во војската: Три чекори на Јакимовски доколку би бил претседател на државата!

t

Аболиција за сите полтиички монтирани случаи би бил првиот чекор на Стевчо Јакимовски кога би бил претседател на државата, открива тој во вчерашната епизода на Тешки муабети во одговор на прашање кои би биле првите три чекори кога би станал претседател.

– Аболиција за сите политички монтирани случаи и Катица Јанева, не е таа крива, криви се тие што ја ставиле таму, од авион се гледаше дека жената врска нема со животот. И Боки, будала држава, будала систем. За 27 април исто, требаше да си одлежат ама не толку, тие што им ги отворија вратите си седат дома со жените, овие во затвор, тој што им ги стави качулките на глава и тој е дома, тие наивните по 10, 12, 115 години затвор.

Многу би вложил во војската, борбената готовност, вооружување… Остај ти НАТО ќе не брани, ние да си имаме железо како што треба. Ќе давам тенкови за Украина кога ќе ни дадат нови.

Кога ќе почнат да се глупираат двете најголеми партии секогаш ќе ги критикувам и закони што не ми се бендисуваат нема да потпишувам, рече Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…