(Видео) Отец Ивица: Категорично тврдам дека СПЦ не призна под целосното име МПЦ-ОА, имаме јурисдикција надвор од Македонија
Во денешната епизода на “Тешки муабети” на прашање дали МПЦ-ОА нема да може да го користи терминот македонски во меѓународна употреба, Отец Ивица објасни дека тоа не е точно и дека СПЦ не призна како МПЦ-ОА.
– Категорички кажувам на 24 мај пред илјадници луѓе, пред нашиот Господ, пред Христос, српскиот патријарх, кој е сериозен човек, отворено кажа дека таму се признава автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
Нашиот народ се плаши да му е добро, вели кога е многу добро не е на добро. Тоа ни е во генот. Како што се развива нашето тело се развива и нашиот дух, свесност за идентитетот.
Ние духовно и суштински веќе имаме автокефалност, остануваат административни работи, но томосот има значење, добро е да се има.
Ние ќе си имаме јурисдикција и над епархиите кои се надвор од Македонија, не секогаш државните граници се граници на еден народ.
Во врска со политиките на Зоран Заев, јас отворено се спротивставив на неговите политики., вели Отец Ивица.
Следете ја емисијата на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1104442113472452¬if_id=1653851082489148¬if_t=live_video_explicit
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…
Промени во врвот на Синодот: Владиката Петар…
Владиката Петар повеќе не е дел од…
МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“ –…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија тврди…
ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Денес е Богојавление –…
Кога Господ Исус наврши триесет години од…
МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…