(Видео) Пакистан ја нападна Индија
Пакистанската војска соопшти дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека како одговор започна голема воена операција наречена „Бунџанун Марсус“.
Пакистанската војска тврди дека Индија истрелала проектили врз клучните воени бази, вклучувајќи ја и базата Нур Кан во близина на Исламабад. Портпаролот на армијата, генерал-полковник Ахмед Шариф Чаудри, во изјави дека повеќето од ракетите биле пресретнати од пакистански противвоздушни системи и не предизвикале материјална штета.
„Индија ги нападна воздушните бази Нур Кан, Шоркот и Мурид од нејзините борбени авиони, но сите напади беа пресретнати“, рече Чодри во обраќањето во живо емитувано на државната телевизија. Тој додаде дека пресретнатите крстосувачки ракети биле истрелани кон воздухопловната база Рафики во Шоркот.
Воздухопловната база Нур Кан се наоѓа во близина на седиштето на пакистанската армија во Равалпинди и се користи за патување на странски државници и воени претставници.
Пакистанската управа за цивилно воздухопловство (ПАА) објави дека воздушниот простор е затворен за сите цивилни летови. Затворањето започна во 3:15 часот по локално време и треба да трае најмалку до пладне истиот ден.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат чад над индиската воена база во Удампур, во индискиот дел на Кашмир, но овој детал сè уште не е независно потврден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев со порака: „Русија ќе продолжи да…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија…
(Видео) Возел низ руски град со американско…
Необичен случај од рускиот град Стерлитамак предизвика…
Гори во село Палиград близу Зелениково, утре…
Моментално се наоѓам на лице место, во…
Италијанци издоминираа на Охридскиот маратон, тинејџерот Цеков…
Најновото 39-то издание ба Охридскиот пливачки маратон…
Метеорит од Марс откри траги од древна…
Меѓународен тим научници можеби се приближил еден…