(Видео) Паника во Лувр: Маж фрли парче торта кон “Мона Лиза”
Маж фрли парче торта на познатата слика на Леонардо да Винчи „Мона Лиза“ во Лувр во Париз, јавува BFMTV.
Забележано е дека на социјалните мрежи кружат неколку видеа на кои се гледа дека заштитното стакло под кое е поставено ремек-делото е намачкано со крем за торта. Посетителите пишуваат дека виделе маж како фрла парче торта на сликата.
Некои видеа покажуваат како човекот одговорен за инцидентот во инвалидска количка, перика и капа е придружуван до излезот од обезбедувањето на музејот. Човекот кој зборува француски се чини дека не е инвалид: тој мирно се симнува од инвалидската количка и оди.
„Помислете на Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа… Сите уметници, помислете на Земјата. Затоа го направив тоа. Треба да размислите за планетата“, вели тој.
Инцидентот се случил во Лувр во неделата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се продавале лажни влезници за во Лувр,…
Француската полиција откри голема измамничка шема во…
Лувр затворен поради штрајк
Музејот Лувр во Париз денес беше затворен,…
Вработените во Лувр повторно штрајкуваат поради лошите…
Музејот Лувр во Париз се соочува со…
„Лувр“ затворен, од утрово вработените во музејот…
Музејот „Лувр“ во Париз нема да биде…
Нема трага од накитот вреден 88 милиони…
Четвртиот осомничен за спектакуларниот грабеж во музејот…