(Видео) Партијата се води од лични, не од национални интереси, полни се со неспособен кадар

t

Негативна селекција има кај нас, во Југославија имаше ама не беше толку изразена, таму имаше шанса дете од работничка фамилија да успее во животот, да стане доктор, правник…

Ова сега е по партиски клуч, или си левичар или десничар и има анимозитет кон противниците, вели во денешната епизода да Тешки муабети нашиот специјален гостин, актерот Тони Михајловски.

-Јас сум пред времето, еве на пример јас уште од сега сум скаран со следниот премиер, не знам кој ќе биде тој, ама скарани сме. Не мислам дека во скоро време да се смени овој премиер, но скаран сум со него a priori.

Јас не сум во партија, се тргнав сам, они ми покажаа дека нема место за мене таму. Кај нас се злоупотребува и јас имам чувство дека ме злоупотребуваа за сопствени цели. Мене најмногу ме нервира злоупотребата и предавството, тие одат рака под рака.

Во партија тешко успева човек кој ќе дојде со надворешна кариера, мојата кариера ни 1% не е во партија изработена, таму 90% се луѓе кои немаат еден ден работен стаж. Таму нема искрени луѓе, не сакаат да влезат квалитетни луѓе за да не се покаже нивниот неквалитет.

Треба да не’ водат националните интереси, не личните интереси, вели Михајловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тони Михајловски разочаран: Ми дојде желба да…

Македонскиот актер Тони Михајловски на својот профил…