(Видео) Пендаровски и Грковска им честитаа на судот и обвинителството застарување на предметот „Кампања“ и ослободување на Љубе Бошковски

t

Насловот е иронија со оглед на фактот што ниту Претседателот Стево Пендаровски, ниту вицепремиерката задолжена за борба против корупција Славица Грковска не изреагираа на денешната ослободителна пресуда за Љубе Бошковски, иако во други случаи директно се мешаа во работата на судот и ги напаѓаа судиите за одлуки кои не им се допаѓаа.

Јавноста не знае дали молкот на Пендаровски и Грковска е заради молкот на Заев, чиј советник беше Бошковски или заради тоа што „тази застарување не е застарување“, односно Бошковски треба да има поинаков третман од сите други обвинети.

Лицемерието на власта и на експертите блиски до власта е очигледно. Нема ниту збор за причините за ослободителната пресуда, а на неа и претходеше акробација на обвинителството во завршните зборови. Имено, во пресрет на изрекувањето на денешната пресуда, обвинителството во завршните зборови направи измена на обвинителниот акт, односно поради застареност се откажа од гонење за делото злоупотреба на службената положба и овластувања.

Судечкиот совет од Основниот кривичен суд Скопје, на чело со судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, процени дека не можело да се утврди дали Бошкоски ги зел парите од странско лице и дали истите биле употребени во кампања, иако на снимките од посебните истражни мерки, тоа можеше да го види целокупната јавност.

Ветуваше промена на името, земаше пари и ги фрлаше при апсење. За што беше приведен Бошковски (поднаслов)

Бошковски за сомненијата за сторениот криминал беше гонет во 2011 година. Основното дело кое што му се ставаше на товар беше злоупотреба на службената должност и незаконско финансирање на изборна кампања во 2011 година, под сомнеж дека примил 130.000 евра за финансирање на неговата партија, поради што беше уапсен на 6 јуни 2011 година, еден ден по парламентарните избори. При апсењето, Бошковски ја фрлил кесата со пари добиена од соговорникот. Судот тогаш му изрече казна затвор во времетраење од седум години, а апелација казната му ја намали на пет. Заради поситни процесни забелешки околу начинот на кој што сведочел заштитениот сведок, Бошковски се жалеше до Судот за човекови права во Стразбур, кој донесе пресуда во негова полза, но не навлезе во битието на делото односно не се произнесе за вината на Бошковски. После Стразбур во 2021 доби повторување на постапката пред “распупеното” и реформирано судство.

Од покренување на обвинението па се до целосното затварање на случајот, во медиумите излегоа повеќе видеа околу средбите на Бошковски со странскиот државјанин на кои што земал пари и договарал промена на името.
„Јас им викам не го менувам уставното име, ама верувам кога ќе падне институционалниот поредок наречен Никола Груевски дека со нашата братска пријателска Грција ќе седнеме, ќе разговараме. Правам финта, ме разбираш. Тие ни се пријатели. Ја мислам дека нашите пријатели ќе ни помогнат да го решиме ова прашење“, велеше Бошковски во едно од видеата.

Во друго видео Бошковски со соговорникот кој збортува на македонски со грчки нагласок, отворено се ценка околу исплата на парични средства за кампањата.

Љубе: Брат ништо, јас сега имам интервју
Посредникот: Јас ќе те чекам, утре ќе збориме повеќе. Слушај сега, јас направив, јас за една недела точно ќе ти ги дадам СЕДУМДЕСЕТ…
Љубе: Добро
Посредникот: Седумдесет илјади. И другите како ќе ги сакаш, постепено?
Љубе: Како ќе оди кампањата, така
Посредникот: Така, ќе ми кажуваш ти, ќе ми кажуваш ти, ќе ја правиме така.
Љубе: Најважно да можам да замислам дека ќе имам.
Посредникот: За недела дена толку.
Љубе: Па не.
Посредникот: Колку?
Љубе: Па пола од тоа ако може на овие денови ќе биде топ
Посредникот: За добар ден што викаат, со арно нека бие и со крстот нека ти помогни
Љубе: Фала ти брат
Љубе: Овде колку има десетка
Посредникот: Десетка
Љубе: Добро брат, фала ти многу

Сепак судот во повторената постапка не успеа да види никаков доказ во материјалите добиени со посебни истражни мерки дека Бошковски незаконски земал пари од странски државјанин.

Двојни аршини за целосно уривање на довербата во судството

Тоа што јавноста можеше да го види, слушне и прочита за Бошковски, според судот не се случило. Тоа што алфите при приведувањето му запленија цела кеса со пари, не била кеса со пари. Бошковски е невин по истата логика по која што беше ослободен од вина и Зоран Заев. Цела јавност виде како бара поткуп од едно евро од метар квадратен, но таа снимка одеднаш беше изземена од доказниот материјал.

Затоа од друга страна, судот нема проблем да гледа и слуша и нешто што го нема во предметите кои се водат против политички опоненти.

Иако снимките се незаконски, иако постои дадена аболиција, судот форсира предмети и без вештачења или со вештачења на вештаци без лиценци само за да испорача осудителни пресуди.

Во целата атмосфера на политички прогон се вклучуваат и Заев и пендаровски и Грковска и еден куп „експерти“ кои ги линчуваат судиите што не сакаат да работат по нарачка и спротивно на закон.

Затоа и не зачудува што довербата во судството и обвинителството е на рекордно ниско ниво и не надминува повеќе од 3 или 4 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…