(Видео) Пендаровски на средба со Стјуарт Пич: За што се разговарало?

t

Претседателот Пендаровски денеска оствари средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство, сер Стујарт Пич.

Ова е соопштението од Кабинетот на Претседателот:

“Претседателот Пендаровски изрази задоволство од посетата на специјалниот претставник Пич набрзо по неговото именување на функцијата во декември 2021 година. Посетата, како што оцени претседателот, е потврда за посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните состојби во земјава и регионот, како и можностите за соработка со Обединетото Кралство за темите од заеднички интерес, поврзани со стабилноста и безбедноста, како и зајакнувањето на институтциите во борбата против организираниот криминал и високата корупција.

На средбата се разговараше и за прашањата поврзани со членството на Република Северна Македонија во Европската Унија и тековниот дијалог со Република Бугарија. Претседателот Пендаровски го информираше сер Стујарт Пич за напредокот на дијалогот помеѓу двете земји. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за интересот и поддршката на Обединетото Кралство за македонско-бугарскиот дијалог и подвлече дека надминувањето на блокадата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија ќе внесе дополнителна предвидливост и стабилност на Западниот Балкан.

Соговорниците, меѓу другото, разговараа и за одличната билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство и можностите за зајакнување на соработката меѓу двете држави и за обезбедување натамошна британска поддршка во повеќе области и форми.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се…

Откажана е средбата на Зеленски, Виткоф и…

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и…

Зеленски и Трамп би можеле да се…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател…

Кремљ се надева на уште една средба…

Кремљ денеска соопшти дека се надева на…

Кремљ: Нема потреба од средба меѓу Трамп…

Моментално „нема потреба“ од средба меѓу американскиот…