(Видео) Пендаровски се сретна со Петков: Надминувањето на меѓусебните недоразбирања е важно за непречено одвивање на македонските евроинтеграциски процеси

t

Претседателот Стево Пендаровски го прими претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на билатералната соработка во повеќе сфери од заеднички интерес, со оглед на тоа дека Македонија и Бугарија се блиски соседи и сојузници во НАТО. Во таа насока претседателот изрази поддршка за започнатиот дијалог меѓу двете влади, изнесените конкретни предлози, како и намерите за интензивирање на разговорите во наредниот период со цел постигнување мерливи резултати во интерес на граѓаните.

Во однос на отворените прашања меѓу двете земји, претседателот посочи дека е потребно враќање на довербата меѓу двете влади, што ќе придонесе за засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања. Надминувањето на меѓусебните недоразбирања е важно за напречено одвивање на македонските евроинтеграциски процеси, како и за неутрализирање на растечкиот евроскептицизам и негативните тенденции во регионот.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Македонија во духот на добрососедството и почитување на принципот на еднаквост меѓу двете страни, има силна политичка волја да го продолжи дијалогот, со цел изнаоѓање на компромисно решение за отворените прашања.

Тој додаде дека отпочнувањето на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија ќе претставува придобивка за просперитетот и стабилноста на целиот регион. Тоа дополнително ќе влијае на унапредување на соработката во економијата, трговската размена, инфраструктурното поврзување како и соработката во областите на образованието, здравството и културата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Шпигел“: Во Бугарија откриено складиште за оружје…

Бугарските истражни органи откриле складиште со оружје…

Бугарија од утре официјално е членка на…

Бугарија официјално стана членка на Шенген просторот…

Два земјотреси рано утринава ја стресоа Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

БУГАРИЈА ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ: Габриел ја…

Направивме многу отстапки“, рече кандидатката за премиер…