(Видео) Перо Антиќ на Вучиќ му подари патики, двајцата се горди на успехот на српските кошаркари
Српскиот претседател Александар Вучиќ кој е еден од учесниците на денешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо – Бриони најде време во набиената агенда за да се сретне со познатиот македонски кошаркар Перо Антиќ кој е и претседател на Кошаркарската федерација. Во оваа прилика од Антиќ на подарок доби патики со српски мотиви.
Вучиќ на својот официјален инстаграм профил се пофали со видео:
-Со легендата на српската и македонската кошарка Перо Антиќ. Перо ми подари патики „Србија 1“. Патен, двајцата сме горди на српските кошаркари и чекаме злато од Париз, напиша Вучиќ во контекст на вчерашното финале од Светското првенство во кошарка на Филипините каде Србија освои сребрен медал во дуелот со Германија.
Перо Антиќ дел од својата професионална кошаркарска кариера ја помина во Србија во дресот на Црвена Ѕвезда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ одобри присуство на својата воена мисија…
Европската Унија одобри воспоставување присуство на својата…
РТС: Странски компании најавија затворање погони во…
Тешкотии во работењето, намален обем на производство,…
Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето…
Европската Унија треба да го забрза пристапниот…
За клиентите на „АЛТА банка” АД Битола…
Народната банка продолжува со постепено олеснување на…
И Тошковски платил сообраќајна казна, вели дека…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави…