Објавено на:

(Видео) Петер Маѓар по самитот на НАТО ужива на „џет-ски“ во Турција: „платив од свој џеб“

t

Унгарскиот премиер Петер Маѓар по самитот на НАТО во Турција останал на краток одмор во Анталија со своите синови, а по критиките што се појавија во Унгарија порача дека сите трошоци за патувањето ги платил од свој џеб, пренесува „Нова“.

Маѓар допатувал во Турција по повод самитот на НАТО, што беше негов прв таков собир откако во мај ја презеде функцијата премиер по падот на долгогодишната влада на Виктор Орбан.

Пред почетокот на самитот, тој ги посетил градовите Истанбул и Коџаели, каде што ја обиколил спомен-куќата на Имре Текели, еден од историските унгарски водачи.

По завршувањето на официјалната програма, тој не се вратил веднаш во Унгарија, туку со двајцата синови отпатувал во Анталија.

Маѓар на социјалните мрежи објави видео од одморот, на кое вози „џет-ски“, се спушта по воден тобоган со децата и шета по плажа.

Објавата предизвикала критики од дел од унгарската јавност, поради што премиерот во описот на снимката нагласил дека станува збор за приватно патување.

„Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во Турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, порача Маѓар.

Вкупната сума што ја потрошил за време на одморот не е објавена.

Унгарскиот премиер и претходно најави дека по самитот на НАТО ќе помине четири дена со децата на турскиот брег и истакна дека патните и сите лични трошоци ќе ги покрие приватно.

Тој додаде дека не користел буџетски средства наменети за премиерот, ниту воен авион, туку за патувањето избрал редовна комерцијална авионска линија.

Според пишувањата на унгарските медиуми, Маѓар изјавил дека за време на престојот во странство ќе остане во постојан контакт со членовите на владата и редовно ќе добива информации пред донесувањето важни одлуки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Петер Маѓар по самитот на НАТО…

Унгарскиот премиер Петер Маѓар по самитот на…

Германија финансира набавка на 50 илјади борбени…

Германија финансира набавка на 50 илјади офанзивни…

Барот кој се запали во Бангкок последно…

Градските власти споделија повеќе детали за мерките…

Еди Рама: Нема да даваме пасоши на…

Доколку Албанија стане членка на Европската Унија…

Африканска земја гради аеродром поголем од лондонски…

Етиопија започна со изградба на аеродром кој…