(Видео) Петровска: Ќе го вратите името или ќе изговарате „северна“?

t


Повеќе министерства а помалку жени, кадри на Груевски, многу зборови а малку кажано, сите лаги на виделина, ваква е оценката за Програмата и составот на новата Влада. Малку е лицемерно да зборувате за стратешките интереси на земјата а кандидат за министер да биде следбеник на режимот на Путин, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска денеска во македонското Собрание.

-Да почнеме со разобличување на лагите на ВМРО-ДПМНЕ кои служеа само за да дојдат на власт. Составот на Владата го отсликува минималниот број на жени во владата и тоа само ја потврдува мизогеноста втемелена во владејачката партија. Веројатно за вас жените се само за по дома. Програмата е контрадикторна со составот, рече Петровска. 

Следна лага е односот кон уставното име и Преспанскиот договор, додаде таа. 

-„Земете ми го мандатот ама Северна не кажувам”, тоа е за пред избори. Ја пеевте заветна. А сега? Немало смисла да го прекршувате Уставот, законите. Многу е лесно. Исполнете го тоа што го ветувавте, променете го уставот вратете го името. Така вие зборувавте изминатите години. Но ниту во Програмата ниту во експозето нема збор, ниту за ревизија на Преспанскиот договор ниту за враќање на името. Исто како што го избришавте името Македонија од вашиот статут така еднакво и сега, рече Петровска. 

Пред избори велевте дека не смее да има нови задолжувања затоа што државата е презадолжена, потенцираше Петровска. 

-Уште за време на избори договоривте ново задолжување  кое се уште го криете од каде. Иако излегуваат информациите за која земја. 

Веројатно затоа ви се брзаше за викенд да има избор на Влада за премиерот од таа држава којашто ја договарате побрзо да ви ги донесе парите, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…