(Видео) “Плаче срце од три страни”… Нашите деца учат на мајчиниот, македонски јазик, сакаат македонски книги – Репортажа за Македонците во Албанија од 1990 година!
Васил Стерјовски, лидерот на македонската партија во Албанија и пратеник во албанскиот Прламент, на социјалната мрежа Фејсбук споделува докази за постоењето на македонското малцинство во Албанија.
Во неколку наврати Стерјовски објавува стари репортажи за Македонците во Албанија, а овојпат тој сподели репортажа на Радиотелевизија Скопје за Македонците во областа на Преспа, општина Пустец од 27.10.1990 година. Меѓу првите репортажи за Македонците во Албанија.
Во видеото кое можете да го погледнете подолу, Македонците објаснуваат дека македонските деца учат на мајчин, македонски јазик до четврто одделение, додека од петто до осмо одделени и во средните училишта учат на албански јазик.
Децата велат дека сакаат да читаат книги од македонски автори и пеат македонски народни песни.
Стерјовски му се заблагодари на Босилко Аговски кој што го зачувал за овој значаен видео материал за историјата на Македонците во Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…