Објавено на:

(Видео) Побрзи од алармот: Украле шест автомобили за 45 секунди

t

Според полицискиот извештај, крадците во салонот провалиле во околу 2 часот наутро, а за помалку од една минута изнеле шест нови автомобили. И тоа не било кои, туку шест „Dodge Challenger“ во „SPT Hellcat“ изведба. Тоа се случило во автосалонот „Don Franklin Somerset Chrysler Dodge Jeep Ram“ во Сомерсет, во Кентаки.

„Навистина жално. Исчезнаа автомобили во вредност од 600.000 долари. Знаете, тоа се многу пари. Прилично голема работа“, изјавил шефот на салонот Адам Брајант за „WKST“: „Го скршиле задниот прозорец, влегле во зградата, ги пронашле сите шест возила и заминале со нив“, продолжил тој.

Според зборовите на управникот на салонот, алармот се активира 60 секунди од детекцијата на неовластено влегување. Тие завршиле се и излегле од салонот за 45 секунди. Полицијата на самото место пристигнала за 3 минути, но било предоцна.

Полицијата во меѓувреме успеала да лоцира пет автомобили, а по шестиот сè уште се трага. Од пет автомобили еден настрадал во сообраќајна несреќа, а возачот е уапсен и лишен од слобода. Друг автомобил е лоциран само благодарение на фактот дека останал без гориво.

Интересно е дека овој модел често е на мета на крадци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина го погоди рускиот ракетен и…

Украинската војска го погоди рускиот ракетен и…

Сиљановска-Давкова: Симон Трпчески уште еднаш покажа дека…

Вчеравечер, на волшебен начин, дождот престана, небото…

Иран со порака до Трамп: Признајте го…

Иран испрати остри пораки до САД, повикувајќи…

(Фото) Внимателно на патот Струмица–Валандово: Истурени пиперки…

Возачите се предупредуваат на внимателно возење на…

Уапсен возач од Германија на автопат возел…

При контрола на патниот сообраќај со радар,…