(Видео) Повторно се разгоруваат шумските пожари близу Лос Анџелес, дадена е наредба за евакуација

Повеќе од 50.000 луѓе се под наредба за евакуација бидејќи пожарот зафати планинска област северно од Лос Анџелес.
Пожарот во округот Хјуз избувна вчера и за само шест часа изгоре околу 39 квадратни километри шуми и вегетација во близина на езерото Кастаик, популарно излетничко место лоцирано на околу 64 километри од градовите Итон и Палисejд, кое гори веќе трета недела, објави АП.
Иако областа беше под црвена тревога за опасност од пожар, ветровите не беа толку силни како порано, што им овозможи на авионите за гаснење пожари да испуштат десетици илјади галони вода.
Ситуацијата во која се наоѓаме денес е многу поинаква од онаа што ја затекнавме пред 16 дена“, изјави началникот на противпожарната служба во округот Лос Анџелес, Ентони Марон.
Повеќе од 31.000 луѓе се под наредба за задолжителна евакуација, додека други 23.000 луѓе се под предупредување за евакуација, изјави шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна, пренесува CBS News.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на…
Во изминатото деноноќие на територијата на државата…
(Видео) Повторно се разгоруваат шумските пожари близу…
Повеќе од 50.000 луѓе се под наредба…
ЦУК: Три пожари на отворено изминатото деноноќие
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Четири пожари на отворено во последното деноноќие
ЦУК информира дека во последното деноноќие имало…
Девет активни пожари до 13 часот денеска…
Во текот на денешниот ден, сабота, 07.09.2024…