(Видео) Поднесена кривична пријава за Рамиз Мерко! – му се заканува затвор од една до пет години
Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД се соочува со затворска казна од една до пет години открива Обвинителството на брифинг со новинарите.
Согласно информациите кои што ги споделија обвинителите поднесено е обвинение за Рамиз Мерко на иницијатива на ДКСК, иницијативата се повикувала на ревизорскиот извештај во целост и се приберени доволно докази за да се поднесе кривични пријава за злоупотреба на службена положба по однос на набавка на службено возило.
Делото е соогласно член 353 став 3 во врска со став 1 по новиот Кривичен законик, обвинителство за организиран криминал и корупција го поднело пред неколку дена обвинението.
Пред неколку години струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, во интервју на „Анализа“ на ТВ 24, практично соопшти дека е пишман што не купил подобар автомобил од луксузното „Ауди“ од 67.000 евра, и покрај тоа што Општина Струга е во долгови. Покрај купот легендарни изјави, Мерко порача и дека меѓу граѓаните немало сиромаштија. Повелете и уверете се:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…