(Видео) Пожар во Катланово, во Мариово беснее најтешкиот

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира за пожар во Катлановско, во месноста „Сув Камен“, под с. Градманци и с. Брезница, каде што мештаните помагаат при координација на терен, а во гаснењето на пожарот е вклучен армиски хеликоптер, заради повисокиот непристапен терен кој оневозможува гаснење од земја со противпожарни возила.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој е на терен во Катланово соопшти дека во текот на денешниот ден има 8 пожари од кои 6 се активни додека 2 се ставени под контрола.

– Пожарот над Катланово се шири на тежок терен и затоа е употребен армискиот хеликоптер, при што со неговите дејства се заштитени Старечкиот дом и викендичките. Најтежок пожар денеска е во Мариово каде се упатени 100 припадници на АРМ, полициски специјалци и пожарникари, но не постои ризик по ниту едно село, рече Ангелов во изјавата.

Тој додаде дека службите имаат доволно сили во случај огнот да се приближи до некое село ќе се реагира брзо и ќе се спречи горат куќи.

Според Ангелов критична е состојбата со пожарот на планината Мукос кој вчера и денеска се движи кон селото Ореов дол, а пожар има и во месноста Рамно на Скопска црна гора. Очекувањата се дека најавените врнежи ќе помогнат да се изгаснат пожарите на отворен простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите имаат три дена за пријавување за…

Министерството за образование и наука ги информира…

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал

„ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ Веро Центар на 3 и…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…

Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…

Димитровски: Со Бугарија ни треба европски, а…

Политиката на проширување на Европската Унија е…