Објавено на:

(Видео) Пожар на популарен остров во Грција, огнот голта сѐ пред себе

t

Голем пожар избувна денеска во областа Куварас на истокот од грчкиот полуостров Атика, соопшти Бригадата за противпожарна заштита.

Пожарот избувнал нешто по пладне и се шири низ ниската вегетација.

Станбените области во моментов не се загрозени и покрај силниот ветер, пренесува „Екатимерини“.

Како мерка на претпазливост беше издаден итен телефонски аларм, но засега нема извештаи за евакуација.

За гаснење на пожарот беа ангажирани копнените и воздушните сили.

Тим од 30 пожарникари го гасне пожарот со 14 возила, поддржани од два авиона кои фрлаат вода и хеликоптер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…