(ВИДЕО) Познатиот македонски водител бил во Истанбул за време на експлозицијата, еве што вели за ужасот и страотните слики
„Само што поминавме со моите пријатели, бевме на една мала тура на плоштадот „Таксим“, по што тргнавме на другата страна на Истанбул, да посетиме некои други знаменитости. Тогаш наеднаш дојде толку голема врвулица од сирени и амбулантни возила“, вели македонскиот радио и телевизиски водител Марко Марк во сведоштво за „Телма“ околу страотната експлозија која се случи денеска.
Водителот, кој вели дека е сместен на само неколку стотина метри од местото на експлозијата, додава дека на туристите им било речено да останат во хотелите, како и дека во моментов плоштадот „Таксим“, кој е во непосредна близина на местото на нападот, е целосно блокиран. Има и други ограничувања наметнати од властите. Во центарот на Истанбул и вечерва се слушаат сирени.
Експлозијата, која турските власти ја истражуваат како терористички напад, се случи вчера нешто по пладне на улицата „Истиклал“ – популарно туристичко шеталиште кое во моментот било полно со луѓе. Загинаа шестмина луѓе, а над 80 се повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…