Објавено на:

(Видео) Познатиот руски политичар Бабурин со скандалозна порака до Србите: Вратете се на идејата на Милошевиќ за обединување со Русија, секој друг пат ви е фатален

t

Ти велат дека немаш друг избор освен ЕУ и НАТО, бидејќи сите околу тебе се во НАТО. Но, имате друг избор – вратете се на предлогот на Слободан Милошевиќ за обединување со Русија! И тогаш, нема да биде важно кој е околу вас, бидејќи вие ќе бидете заедно со Русија, а Русија ќе биде тука со вас!

Вака познатиот руски политичар и научник, претседателот на Меѓународната славистичка академија и долгогодишен копретседател на комитетот на Милошевиќ, Сергеј Бабурин, во интервју за рускиот ТВ канал „Дан“ ја формулира својата порака до Србите.

„Мислам дека предлогот на Милошевиќ за влез на Србија во Унијата на Русија и Белорусија треба да се врати“, посочи тој.

И во идната руска интеграција, денес кога светскиот поредок создаден во Вашингтон е уништен и кој е уништен засекогаш, во идниот Руски сојуз, зошто Србија да не влезе покрај Белорусија, поранешна Украина, Казахстан? – праша Бабурин.

Граѓаните на Србија го поддржуваат тоа, изјави тој, а денешните власти се принудени на маневрирање, но се надевам дека властите наскоро ќе бидат принудени да тргнат по тој пат, бидејќи секој друг пат за Србија е фатален!

Во интервјуто, чија главна тема беше „Југословенска лекција“, Бабурин го презентираше својот став за руската операција во Украина, нејзините меѓународни правни, морални и цивилизациски димензии:

Со агресијата во 1999 година, истакна тој, Западот почна да обликува светски поредок подреден само на интересите на Западот. Тие го создадоа терминот „хуманитарна интервенција“ – без одобрение на Советот за безбедност, а во последните 25 години извршија приближно 30 такви интервенции. Во 2005 година дури добија поддршка од Генералното собрание на ОН за „хуманитарните интервенции“. Задоволен сум што сфативме дека мора да се однесуваме соодветно меѓу волците, па во целосна согласност со современите тенденции на меѓународното право, од февруари 2022 година извршивме хуманитарна интервенција на територијата на Украина. И сега врескаат затоа што тој концепт го развиле само за себе.

Денешната акција на руските вооружени сили на територијата на Украина е самоодбрана на руската цивилизација! Ако не ги уништиме Содом и Гомор, нема да има руски свет!

Југославија ни е лекција! Ниту Путин, ниту ние не можеме да отстапиме. Треба да ги промениме економските односи во државата на подобро, а во тоа ќе ни помогнат санкциите.

Процесот што се случува денес не само кај нас, туку и во целиот свет, благодарение на постапките на Русија – тоа е долгоочекуван процес на прочистување! Чистењето на човештвото и борбата да се запре човештвото на работ на бездната.

Академик Мозес во 90-тите предвиде дека ако не успееме да се промениме, човештвото ќе постои до 1930-тите.

А, она што денеска го направи руското раководство на чело со Путин е обид да го запре падот во бездната.

Русија, спасувајќи се себеси, како носител на духовните и моралните вредности, традиционалната култура и односи, го спасува човечкото во човекот, а тоа им треба на сите народи!

Бевме многу добро подготвени за денешната ситуација. Од Запад го вративме најголемиот дел од нашите златни резерви, кои беа таму 30 години, под контрола на англо-американскиот блок. Целосно го сменивме лицето на нашите вооружени сили, кои денес поседуваат такво оружје, со кое непријателот нема со што да се мери.

И денес треба да кажеме дека Русија засекогаш дојде на ослободените територии. Многу ни е важно што ќе каже Западот, ни е важно што мисли и чувствува населението што живее таму. Борбата за рускиот свет започна и е во полн ек.

Зошто во нашата земја со текот на годините умреле повеќе луѓе отколку што се родиле? Затоа што недостигаше верба во иднината и за многумина се изгуби смислата на животот. Сега таа смисла се врати. И сигурен сум дека тоа ќе влијае на демографијата.

Западот нема да застане сам. Тој може само да биде запрен и отфрлен.

Најпрецизно оружје се медиумите. Преку интернет го тепаа секое семејство, секоја глава. Тука мораме да поставиме бариери за лаги, фалсификати и, особено, отрови.

Мора да одиме напред, без отстапување. Само така ќе победиме

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите…

Европскиот парламент изгласа визна либерализација за имателите…

Предлог за враќање на воениот рок во…

Оценка и предлог за враќање на обврската…

Вучиќ: Ќе му покажеме на светот како…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија…

Советот за безбедност на ОН денеска расправа…

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите…

Земјотрес во Србија!

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според…