(Видео) Познат идентитетот на убиениот лекар, заврши прибирањето докази од терен – возилото отстрането од паркингот

t

Со отстранувањето на возилото „Киа“ од местото на настанот, истражните органи го завршија процеост на привирање доказен материјал по синоќешното убиство во близина на клиниката во скопската населба Железара.

Екипа на ТВ21 разговараше и со дел од пациентите на кои тој бил матичен лекар, со неверување ја примиле веста за убиството на докторот.

Од семејството на 67 годишниот Ацо Трпковски велат дека немале закани, ниту пак се сомневаат во причините за убиството.

На местото на настанот се уште може да се забележат локви крв.

Пријавата до МВР доцна синоќа ја испратиле неговите синови откако тој по работното време не се вратил дома, па тие тргнале да го бараат. Го пронашле во автомобилот.

Од Обвинителството утрово соопштија дека на телото има видливи траги од неколку убоди, по што обвинител издаде наредба за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…