(Видео) Полицаец заработи кривична за кривично дело „предизвикување општа опасност“
Полициски службеник од Полициската станица за граничен надзор Чашка е кривично пријавен и суспендиран откако, според Министерството за внатрешни работи, испукал повеќе истрели од огнено оружје за време на семејна прослава, со што го загрозил животот и безбедноста на присутните.
Од МВР соопштија дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – специјализираното одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднел кривична пријава против З.Р.
Полицискиот службеник се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според информациите, инцидентот се случил на 22 мај 2026 година во дворот на неговата семејна куќа, каде за време на семејна прослава, во присуство на поголем број гости, испукал повеќе истрели од огнено оружје.
Од МВР наведуваат дека со таквото постапување предизвикал опасност за животот и телото на присутните лица.
Покрај кривичната пријава, против полицискиот службеник ќе биде поведена и дисциплинска постапка за утврдување одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина. До нејзиното завршување, ќе биде отстранет од работното место, односно ќе биде суспендиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ…
Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ…
МПЦ-ОА реагира на изјавата на српскиот претседател…
Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква…
Обвинение за Артан Груби, Перпарим Бајрами и…
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против…
Илчо Ѓорѓиоски во домашен притвор со гаранција…
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија…
Претрес во Скопје: Пронајдени бела прашкаста материја…
Полициски службеници во Скопје лишиле од слобода…