(Видео) Полицајци спасија човек во Молдавија, кој четири дена бил жив затрупан под земја
Како што пренесува „Дејлимејл“, овој настан се случил во Молдавија.
Полицијата го пронашла закопаниот маж додека ја истражувале смртта на 74-годишна жена чие тело било пронајдено во нејзиниот дом.
Полицијата набрзо го привела осомничениот за убиството на жената, а при претресот на неговата куќа во истото село слушнале плач и повици за помош. Кога почнале да копаат, наишле на гроб каде приведениот 18-годишник закопал постар маж.
https://x.com/Joyenz1/status/1791243142148104289
Полицијата објави снимка на која се гледа како извлекува закопан маж. Бил при свест и имал рана на вратот. Алармиран бил и форензичкиот тим во Устија, северозападна Молдавија. Првичната истрага утврдила дека жената починала откако била претепана и имала бројни повреди по телото.
Полицијата брзо го идентификувала нејзиниот 18-годишен братучед како убиец. Тој бил пронајден во неговиот дом, под дејство на алкохол. За време на испрашувањето давал збунувачки и неубедливи одговори. Кога полицијата трагала по докази за убиството, слушнала пригушени повици за помош и извици од земјата недалеку од куќата.
Го следеле звукот и почнале да копаат. Откако бил спасен, старецот во полиција изјавил дека тој и младиот човек во саботата пиеле алкохол кога се скарале. Осомничениот потоа го нападнал со нож и го затворил во импровизиран подрум, кој потоа го покрил со земја.
Полицијата верува дека младиот маж ја убил жената во неделата. Осомничениот е приведен, а од обвинителството најавија дека ќе одговара за убиство и обид за убиство. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затвор. Спасениот маж бил пренесен во болница каде му била укажана лекарска помош.
„Таа беше многу пристојна жена, никогаш немаше проблем со неа“, рекол еден сосед за жртвата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…