(Видео) Полицијата бара кој го симнал македонското знаме од јарбол во Гостивар – ќе има казна
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот со отстранувањето на македонското државно знаме од јарбол на улицата „Илинденска“ во центарот на Гостивар. Знамето на таа локација било поставено од Општина Гостивар.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 27 ноември во ОВР Гостивар, по што полициска екипа извршила увид. Засега полицијата нема соопштено детали за идентитетот на лицата, ниту за околностите под кои било симнато знамето.
На снимка што се споделуваше на социјалните мрежи се гледа како едно лице го симнува знамето од јарболот. Потоа, заедно со уште едно лице, го тутка и го фрла на земја.
Според последните медиумски информации, знамето било вратено. Општина Гостивар, пак, во реакција на објавите соопшти дека државните знамиња пред општинската зграда и во центарот на градот се поставени и дека не биле отстранети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицијата бара кој го симнал македонското…
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот…
Три случаи во Скопје: Истакнувани знамиња на…
На 28 ноември 2026 година, полициски службеници…
ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското…
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето…
Крушево со 40 сантиметри снег, екипите на…
Крушево се разбуди под снежна покривка од…
Македонија под бела прекривка – снегот донесе…
Македонија во зимско руво. Снежните врнежи донесоа…