(Видео) Полицијата во Дагестан испука предупредувачки истрели за да ги растера демонстрантите против воената мобилизација

t

Полицијата во руската република Дагестан денеска испука предупредувачки истрели од автоматско оружје за да ги растера демонстрантите кои денеска протестираа против воената мобилизација, информираа локални активисти.

Како одговор на наредбата на претседателот Владимир Путин од жителите на Ендиреј го блокирале влезот во гратчето за да им оневозможат пристап на властите, наведува веб-страницата за граѓански права. Протестот бил организиран откако 110 мажи биле повикани да одат на фронтот во Украина во местото, кое има помалку од 8.000 жители, пишуваа локалните медиуми.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како полицајците испукуваат кратки рафали во воздух, а жителите се на раб на отворен конфликт со полицијата, пренесе ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…