(Видео) Полицијата со водени топови го брани Нетанјаху од народот
Израелската полиција користи водени топови за да ги потисне демонстрантите кои се пробија до резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, според израелскиот канал Кешет 12.
Претходно израелскиот портал Вала објави дека илјадници демонстранти го пробиле последниот полициски контролен пункт пред премиерската резиденција.
Непланиран масовен протест започна во неделата навечер во Израел, откако премиерот Нетанјаху го отпушти министерот за одбрана Јоав Галант. Во телевизиското обраќање во саботата вечерта, Галант ја повика владата да ги запре судските реформи, велејќи дека паузата е неопходна за безбедноста на Израел.
Владата на Нетанјаху продолжува да ги следи судските реформи, што предизвика повеќе од 11 недели демонстрации. Предложениот пакет закони ќе ги ограничи овластувањата на Врховниот суд и ќе ѝ даде на владата контрола врз назначувањето на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху е спремен да му ја предаде…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…