Објавено на:

(Видео) Полицијата со солзавец и водени топови ги растера демонстрантите во Приштина кои го блокираа Собранието и не им дозволуваа на пратениците да излезат

t

Дванаесет лица се повредени, меѓу кои и еден полицаец во протестите кои вечерва ескалираа во Приштина. Протестите се одржуваат секој ден по пресудата на Специјалниот суд во Хаг кој им изрече долгогодишни затворски казни на водачите на ОВК. Демонстрантите бараат косовското Собрание да усвои закон со кој ќе се ограничи надлежноста на Судот. Ситуацијата ескалираше кога демонстрантите се обидоа да ги блокираат влезовите на Собранието спречувајќи ги пратениците да ја напуштат зградата, а полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера.

На улиците има оклопни возила, горат контејнери, а некои од демонстрантите фрлаат пиротехнички средства кон полицијата, Собранието и Владата.

Сè се случува откако косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на ДПК Бедри Хамза не постигнаа договор измените на Законот за специјализираниот суд да поминат на второ читање. ДПК тврди дека Курти го условил гласањето за законот со договор за претседател, додека рокот за избор на претседател истекува утре.

Курти инсистира измените на Законот за специјализираниот суд и прашањето за претседателот да не се гледаат одделно.

„Ни треба закон за Судот во Хаг, но ни треба и претседател за Косово. Едното без другото може да биде многу штетно“, рече тој.

Доколку претседателот не биде избран утре, Собранието ќе биде распуштено и Косово ќе оди на вонредни парламентарни избори, кои треба да се одржат во рок од 45 дена. Тоа би биле трети избори за период малку подолг од една година.

Демонстрантите кои ги блокираа влезовите на Собранието, насилно ги враќале назад пратеницците кои се обидувале да заминат. Како што објави порталот „кossev.info“ пратеникот на Самоопределување, Фахруш Реџепи, бил физички фатен од демонстрантите додека се обидувал да излезе и вратен во Собранието. Демонстрантите го фатиле и Бесник Бисљими кому исто така не му било дозволено да ги напушти просториите, по што бил вратен внатре со полициска придружба.

Организаторот на протестот, Ќљирим Хазири, како што пренесува порталот изјавил:„Ниеден пратеник нема да може да си замине без да помине преку нашите тела. Ќе лежиме на земја.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицијата со солзавец и водени топови…

Дванаесет лица се повредени, меѓу кои и…

Драма над Црвеното Море: Американски воен хеликоптер…

Американски воен хеликоптер MH-60R Seahawk прогласил итна…

ВРВОТ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП ТАЈНО СЕ…

Некои од најмоќните луѓе во американската администрација…

Судијата Ѓоко Ристов цело време земал плата…

И покрај тоа што од јануари годинава,…

Сиљановска-Давкова: Прашањето со Бугарија не може да…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека прашањето околу…