(Видео) Полицијата со солзавец растури концерт во Солун

t

Концертот на грчкиот музичар Танасис Папаконстантину во дворот пред Филозофскиот факултет на солунскиот Универзитет „Аристотел”, кусо по полноќ, поради солзавец и шок бомби беше прекинат, а инцидентите се префрлија на улиците во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Студентите и присутните на концертот, преку социјалните мрежи, тврдат дека полицајците, без причина, со солзавец го растуриле концертот, се создала паника и присутните барале начин да се заштитат и да побегнат.

Од друга страна, полицијата соопшти дека била нападната со предмети и камења од маскирана група и затоа реагирала, но на растојание од просторот каде што бил концертот.

По прекинот на концертот, доцна во ноќта студентите одржаа протест на улиците во Солун, кои завршија со инциденти.

Според полицијата, во инцидентите биле приведени четири и уапсено едно лице, демонстрантите фрлале предмети и молотови коктели, а според објавените видеа, полицајците одговориле со солзавец и топови вода.

Во изминатиот период, одлуката на грчката Влада, универзитетската полиција да биде распределена во кампусите во Солун и Атина, предизвика тензии меѓу студентите и полицијата.

Студентите континуирано одржуваат протести во двата града, а неретко има и судири со полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонско девојче“ изведена од јапонски музичари на…

Композицијата „Македонско девојче“ беше дел од големиот…

Суд во Солун доби коверт со експлозив

Експлозивен материјал содржел сомнителниот коверт откриен денеска…

Хорор во Солун: Албанец до смрт ја…

Бремената Албанка Џорџија (41) од Солун била…

(Видео) „Македонско девојче“ ечи на улиците во…

„Македонско девојче“ ечи на улиците во Солун.…

(Видео) Македонска народна музика ечи низ улиците…

Низ улиците на Солун ечи народна македонска…