(Видео) Поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, зеде Калашников во рака и излезе на улиците на Киев

t

Поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, се јави за „Си-Ен-ЕН“ од улиците на Киев додека во главниот град на Украина се водат борби со руската војска.

На прашањето на новинарите со што се вооружени тој и групата со која се наоѓа и што планираат да направат кога ќе дојдат Русите, Порошенко одговара:

Тоа е едноставно. Еве, ова е краток Калшников, имаме околу 300 припадници на територијалната одбрана, имаме два митралеза и, воглавно, тоа е тоа. Немаме тешка артилерија, немаме тенкови… Овој процес (вооружувањето) го почнавме пред само неколку дена.

Има долга колона луѓе кои сакаат да се приклучат во баталјонот, но немаме доволно оружје. Се јавуваат обични луѓе, кои никогаш не биле во војска. Тоа навистина добро покажува колку луѓето го мразат Путин и колку се противат на руската агресија. Тоа е сосема јасно – изјави Порошенко.

Инаку, Порошенко е под истрага за сомневања дека во текот на неговиот мандат тргувал со проруските бунтовници на истокот на земјата. Тој ги отфрла тие обвинувања, а неговата партија го обвинува акруелниот претседател, Володимир Зеленски, дека на тој начин се обидува да ја замолчи опозицијата.

Порошенко беше на функцијата од 2014 до 2019 година, кога на изборите загуби од Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…