(Видео) Поранешниот шеф на кабинет на Мицкоски под истрага на финансова полиција – Перински ќе биде првиот со кривична откако беше фатен со рачињата во медот?!

t

Финансова полиција влегла во просториите на ЈП Водовод и канализации да го истражи работењето и нелегалните дејанија на поранешниот директор на претпријатието Златко Перински неофицијално вчера објави Инфомакс.

Kaко што дознаваме Финансова полиција отворила истрага за Перински и во моментов работи на обезбедување на потребните докази за отпочнување на кривична постапка

Потврда за отворената постапка од страна на Финансова полиција за Перински добивме и од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која денеска присуствуваше на потпишувањето на договорот за изградба на пречистителна станица на водите на реката Вардар.

-Aпсолутно да институциите постапуваат и ние треба да оставиме да си ја завршат својата работа токму онака како што сметаа дека треба, вели Арсовска.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација поради „самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер“.

– Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година, стоеше во соопштението од кабинетот на Арсовска.

Две компании ги исполнуваа условите за учество на тендерот за изградба на пречистителна станица која треба да прочисти над 90 проценти од отпадните води во Скопје, проект од над 136 милиони евра финансиран од средства на Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка.

Со ваквиот проект, метрополата конечно требаше се тргне од листата на неколкуте европски градови кои не ги третрираат отпадните води. Градоначалничката Арсовска во своите интервјуа потенцираше дека најважното е што граѓаните ќе имаат поздрава еколошка средина, а во Вардар наместо загадени како сега, ќе се влеваат прочистени води.

Три компании истакнале интерес за учество на тендерот за изградба на прочистителната станица, една француска компанија која по објавата не доставува понуда, турско-американски конзорциум и германска компанија со австриски капитал, фирма ќерка на за Македонија добро познатото ЕВН. Се работи за компанија „WTE“ фирма дел од групацијата ЕВН.

Проблемите во тендереската постапка започнуваат откако Водовод и канализација, чиј директор е Златко Перински кој беше своевремено беше шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се одлучува низ тендерската постапка да ја дисквалификува турско-американскиот конзорциум, низ елиминација која не е третирана за неопходна ниту за ЕБОР, ниту пак Европската инвестициона банка а врзана за кредитен рејтинг за банката која ја издава банкараската гаранција за компаниите.

Она што е сомнително е што компанијата која Перински дефакто ја исклучува од надавањето нуди понуда која според неофицијални извори на Град Скопје ќе му заштеди неверојатни 20 милиони евра, за разлика од фирмата ќерка на ЕВН.

Крајно сомнително е што постојат и официјални дописи во кои се бара мислење од ЕБОР и Европската инвестициона банка за овој критериум на што тие немаат приговор, додека Перински ја игнорира целата процедура и работи тендерот да го добие фирмата ќерка на ЕВН.

Дополнителен сомнеж со фаворизирањето на компанијата фрла скандалот кој експлодираше во јавноста со случајот „Делчевски ниви“, случај во кои неколкумина најблиски соработници на Христијан Мицкоски завршија во притвор.

Во случајот се обвинети двајцата управители на „ЕВН Електрани“ Мирослав Митровски и Игор Гиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДРАМА НА МАЛТА: Балканци му се заканувале…

Тројца Срби се обвинети за киднапирање и…

Хороскоп за недела (10 декември)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не…

За многу години: Денес се празнуваат овие…

Светиот маченик Јаков Персијанец Роден е во…

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…