Објавено на:

(Видео) Последните моменти од животот на убиениот руски блогер: Зборува со Дарија па се слуша експлозија

t

На социјалните мрежи денеска се појави ново подолго видео од кафулето во Санкт Петербург каде Владлен Татарски (вистинско име Максим Фомин), влијателен руски воен блогер, беше убиен со експлозив.

За потсетување, руските безбедносни сили ја уапсија Дарија Трепова, девојката осомничена дека ја донела фигурата во кафулето, во која наводно имало 200 грама експлозив, за учество во бомбашкиот напад.

На видеото се гледа како Фомин ја повикува Трепова, која наводно фигурата му ја предала на соработник на Фомин, да седне во негова близина во моментот кога таа почнала да си оди. Таа го послушала и седнала на стол недалеку од Фомин.

Фомин и Трепова разменуваат неколку зборови непосредно пред експлозијата, што се слуша и на видеото. Последните зборови на Фомин кон Трепова биле „па, се е тоа за јавноста“.

Трепова потоа ги подава рацете кон Фомин, а потоа со нив го покрива сопственото лице. Во тој момент се слуша експлозија во која загина рускиот блогер, а повредени се десетици луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ