(Видео) Потресно сведоштво на мајка: Деца вршеле сексуално насилство врз соученичка ПРВООДДЕЛЕНКА, насилно ја допирале по гениталиите – Никој не реагирал!

t

Мајка на првоодделенка во едно скопско училиште пред камерата на „Слободен печат“ низ солзи тврди дека нејзината ќерка на училиште доживува сексуален булинг од пет момчиња-соученици, кои насилно ја допирале по гениталиите, а претходно во изолиран случај ја влечеле за облеката, од што девојчето имало црвени траги околу вратот, кои подоцна помодреле.

Мајката тврди дека на училиште кај нејзината ќерка владее постојано премолчување, минимизирање и туркање под тепих на проблемите со секаков вид на насилство, а основната пречка е во тоа што кога ќе се пријави никој не презема ништо. Таквата ситуација прави мајката да се чувствува револтирано, неразбрано од училиштето, но и да ја шокира инертноста и незаинтересираноста да се постапи итно за ваква сензитивна материја.

Откако мајката го пријавила случајот во училиштето, наставничките се потпишале на изјава дека такво нешто не постои, односно дека насилство во училиштето немало.

Единствената причина поради која „Слободен печат“ не го објавува идентитетот на мајката и името на училиштето, е тоа што на таков начин поблиску ќе биде идентификувана жртвата, која е малолетна и на таков начин би се создала опасност двојно да биде виктимизирана.

Родителката е шокирана што од училишната управа уште не свикале ни вонредна родителска средба за овој скандалозен настан, во екот на декларативните заложби за спречување на насилството во училиштата.

Иако најтранспарентно го пријавила случајот, разговарала со сите во училиштето во крикот за помош и едукација на соучениците кои ја изложуваат првоодделенката на булинг, наишла на ѕид и туркање на предметот под тепих.

Декаденцијата во педагошките вредности и неефикасноста на стручниот кадар во ова училиште, кулминирале, кога една од наставничките во комуникација со друга родителка и кажала дека „и нивните девојчиња не се цвеќе за мирисање“, дека се „понапредни и провоцираат“ со својот изглед. Станува збор за девојчиња на возраст од шест години.

Родителката е резигнирана од состојбата во која е наоѓа, ем нејзиното дете да биде жртва, ем нејзината пријава да биде доживувана како „театар“.

Директорката на училиштето во телефонски разговор за „Слободен печат“ кажа дека целата ситуација е „театар“ и дека „седумгодишни деца не можат сексуално да бидат вознемирувани“.

На мејл адресата што Министерството за образование и наука го отвори, исто така случајот бил пријавен од таткото на девојчето, но ништо не е преземено, иако се поминати десетина дена.

Во меѓувреме, родителите размислуваат да го отпишат девојчето од тоа училиште затоа што се свесни дека таму нема уво кое ќе ги слушне нивните повици за заштита на нивната ќерка.

Училиштето и од Министерството за образование не дале одговори на прашањата што преземале во врска со овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за четири лица, меѓу кои…

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни…

Тошковски откри кога ќе почнат да доаѓаат…

Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, министерот…

Прскање против комарци во сабота во Скопје,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…