(Видео) Почнаа да се пукаат меѓу себе… Застрелан поранешен украински пратеник кој ги поддржува Русите, тој е во тешка состојба
Застрелан е Олех Царов, поранешен пратеник во украинскиот парламент кој ја поддржа руската инвазија на Украина и е во тешка состојба, пишува Украинска правда.
Информацијата ја сподели и Владимир Рогов, рускиот функционер задолжен за окупираниот дел од областа Запорожје.
Рогов напиша дека „состојбата на Олех е многу сериозна“ и дека е „на интензивна нега“. Тој потврди дека Царов бил застрелан. На социјалните мрежи се шири и видео, наводно направено во близина на куќата на Царов, каде што бил убиен. Потоа веста за атентатот беше објавена и на официјалниот Телеграм канал на Царов.
„Информацијата за обидот за атентат врз Олех Царов ја потврди и неговото семејство. Тој бил застрелан со два истрела околу полноќ. Нема информации за сторителот, а безбедносните сили го истражуваат инцидентот. До доаѓањето на Брзата помош, Олег веќе паднал во несвест и изгубил поголемо количество крв. Засега нема информации за неговата здравствена состојба“, напишал администраторот.
Окружниот суд Шевченковски во Киев минатиот мај во отсуство го осуди Царов на 12 години затвор. Царов пристигна во Киевската област заедно со руската армија во март минатата година, а исто така ја повика локалната управа на Кривој да го предаде градот на руските окупатори.
Тој во неколку наврати на својот канал на Телеграм повика на промена на државните граници на Украина, прекршувајќи го поредокот утврден со Уставот на Украина. Извори за Ројтерс минатиот месец изјавија дека Русија планира Царов да ја води марионетската влада во Киев по инвазијата.
Самиот Царов ја отфрли оваа можност по извештајот на Фајненшл Тајмс, во пресрет на самата инвазија. Тој за медиумите изјави дека оваа идеја е „многу смешна“ затоа што води само велнес бизнис на Крим и „не е доволно важен“.
Царов претходно беше пратеник во украинскиот парламент, а потоа и претседател на парламентот на Новорусија, ентитет формиран откако проруските сепаратисти во источна Украина прогласија отцепување во 2014 година и почнаа да се борат против украинските сили.
Відео з-під будинку Царьова, де на нього начебто скоїли замах pic.twitter.com/LzRD1FMro5
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) October 27, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…
Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…
Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…
Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон
Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…