(Видео) ПОЧНА ВОЈНАТА МЕЃУ АЗЕРБЕЈЏАН И ЕРМЕНИЈА: Жителите на Нагорно-Карабах биле известени по смс за „антитерористичка операција“

t

Азербејџан започна „антитерористичка операција“ од локален карактер во Нагорно-Карабах за да го врати уставниот поредок, соопшти тамошното Министерство за одбрана. Азербејџанските медиуми јавуваат дека Баку го затвора воздушниот простор на земјата за Ерменија.

Како што се наведува во соопштението, овие мерки се преземени поради систематското гранатирање на вооружените сили на Ерменија, како и поради континуираното минирање на територијата.

Сирените за воздушен напад се огласуваат во главниот град на непризнатата Република Нагорно-Карабах.

Како што соопштија во Баку, армијата со високопрецизно оружје изведува напади на линијата на фронтот и во длабочина, врз позициите на единиците на ерменските вооружени сили и воените објекти.

Во написот се забележува дека „цивилното население и цивилната инфраструктура не се цели“.

Во интервју за Политико, Хикмет Хаџиев, советник за надворешна политика на претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, рече дека „целта е да се неутрализира воената инфраструктура“ и додаде дека се испратени смс-пораки до локалното ерменско население со предупредување за „анти- терористички акции“.

– Од нив беше побарано да се држат настрана од легитимните воени цели – рече Хаџиев.

Рускиот воен врв бил известен за „антитерористичката операција“, а одговор стигна од Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи:

– Многу сме вознемирени од ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах. Русија ги повикува страните во конфликтот да го прекинат крвопролевањето, веднаш да престанат со воените дејствија и да се вратат на политичко-дипломатскиот пат – рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…

Саичиќ: Вечерва славиме победа, од утре градиме…

Кандидатот за пратеник во Собранието на Србија…

Студентската листа води на изборите во Србија…

Студентската листа е победник на предвремените парламентарни…

(Видео) Солзи радосници и ора по улиците…

Ширум Србија се слави за победата на…