(Видео) Почна?! Пукање на Северот на Косово, неофицијално косовската полиција завзема полициска станица!

t

Масовно на српските телеграм канали се споделува снимка за која се тврди дека е снимена на Северот на Косово во месноста наречена „Зубин Поток“. Снимката е заматена од безбедносни причини, но на истата се слушаат рафали и пресметка со огнено оружје како и поголем број експлозии.

Според неофицијални податоци косовската полиција во моментов се обидува да завземе локална полициска станица и е во пресметка со локалното население.

Србите од северот на Косово 16-ти ден се на барикадите. Тие велат дека ќе бидат отстранети кога Приштина ќе ги ослободи Дејан Пантиќ, Миљан Аџиќ и Слаѓан Трајковиќ и кога специјалните полициски сили ќе бидат повлечени од северот на земјата.

Тие бараат и како повлекување на како што ги нарекуваат тајните списоци за апсење на Србите и повлекување на специјалните единиците од северот на Косово, со гаранции од КФОР дека овие единици нема дојдат повторно.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека не верува во сценарио во кое косовската полиција насилно ќе ги отстрани барикадите на северот на Косово, бидејќи тоа би било напад врз жени и деца, стари лица и воспитувачи кои се На нив. Истовремено, приштинските медиуми синоќа објавија дека се сменети полицајците кои веќе две недели се блокирани во Лепосавиќ поради барикадите на север.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови тензии во НАТО: Трамп тврди дека…

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одржа…

(Видео) Француската морнарица врши инспекција на руски…

Француската морнарица пресретна и врши инспекција на…

(Видео) Зголемен е бројот на исчезнати по…

Според веб-страницата формирана по разорните земјотреси, каде…

Со четирицикл излетал од патот во Охридско:…

Синоќа во 19:30 часот, полициски службеници од…

(Видео) Вучиќ ги покажа српските роботи Милутин…

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги изненади граѓаните…