(Видео) По земјотресот, бессона ноќ во БиХ, има повредени
Земјотресот што синоќа нешто пред 22 часот го погоди тоа подрачје, уништи сѐ во нивните куќи и предизвика штети на зградите, поради што многумина, од страв, одлучија да ја поминат ноќта под ведро небо, пишува Кликс.
Посочуваат дека слушнале силен тресок, а потоа и ненадејно тресење на земјата, а штом им се укажала можност ги напуштиле куќите и заминале на безбедно.
Зората ја дочекувале пред своите куќи и се завивале во ќебиња или пак спиеле со роднините во сигурни куќи недалеку од местото каде што живеат.
Многу куќи во Љубетово претрпеле штети. Пукнатини на ѕидови, тавани, покриви, потпорни ѕидови, како и оштетувања на имот, ќе може да се сумираат дури денеска.
Претседателот на локалната општина Љубетово, Зехрудин Ибрахимагиќ, рече дека сега е тешко да се види сѐ, но и дека мештаните се плашат да спијат во своите оштетени куќи.
Како што пишува Дневни аваз, оштетени се бројни згради, испукани се ѕидови и фасади, а уништени се и покривите на некои куќи. Дел од селото останало без струја.
Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја потресе БиХ синоќа во 21 часот и 45 минути. Се почувствувал и во околните земји. Епицентарот бил на 10 километри од Зеница.
Најмалку пет лица се повредени во земјотресот. Двајца од повредените се задржани во кантоналната болница Зеница, изјави премиерот на Зеничко-добојскиот кантон, Незир Пивиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Пулс“ без противпожарна заштита и со над…
Судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека…
Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените…
Министерството за внатрешни работи и Фондот за…
Огнена стихија низ Европа: Илјадници евакуирани, следува…
Европа повторно е зафатена од екстремни горештини…
Нови тензии: Северна Кореја истрела балистичка ракета…
Северна Кореја повторно ја зголеми тензијата на…
Интервентната полиција во акција: Скопјанец приведен со…
Вчера околу 12:40 часот, во селото Батинци,…