Објавено на:

(Видео) По објавата дека се крие во бункер, Путин се сретна со својата некогашна наставничка

t

На социјалните мрежи се појави видео на кое рускиот претседател Владимир Путин вози низ Москва, а потоа се среќава со своја поранешна наставничка во лобито на еден хотел, откако западните медиуми, повикувајќи се на извештај од европска разузнавачка служба, објавија дека рускиот претседател бил скриен во бункер со недели, пренесуваат руски медиуми.

Извештаите, кои се појавија пред годишниот говор на Путин на 9 мај на Црвениот плоштад на одбележувањето на годишнината од победата над нацистичка Германија, сугерираа дека безбедноста околу него е значително зголемена и дека тој ја водел војната во Украина со недели од подземни засолништа од страв од атентат или државен удар.

Руските власти ги отфрлија ваквите објави како бесмислени, а видеото на Путин, објавено доцна синоќа, се чини дека е визуелно побивање на тие обвинувања, но и на тврдењата на неговите критичари дека тој сè повеќе го губи контактот со сопствениот народ.

Видеото го прикажува Путин како опуштено вози руски џип, со телохранител на совозачкото седиште, покрај хотел во центарот на Москва. Потоа тој влегува во фоајето, облечен во фармерки и тесна јакна, со голем букет цвеќе, по што се среќава со една од неговите поранешни наставнички.

Облечен лежерно во фармерки и лесна јакна, 73-годишниот Путин ја прегрнува својата поранешна наставничка Вера Гуревич, која го бакнува постојано во образ и му шепоти нешто на уво.

Путин, бил снимен како води „лежерен разговор за времето“ со минувач кој влегол во лобито со своето семејство. Потоа, Путин ѝ помага на својата поранешна наставничка да се качи во своето возило и ја носи на вечера во Кремљ.

Гуревич била одделенски наставник на Путин во училиштето бр. 193 во Ленинград, објави Кремљ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…

На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…

Пандов на средба со делегација на Европскиот…

Директорот на Управата за извршување на санкциите,…

Македонски државјанин убиен во Германија

Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…

72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…

Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…

МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…

Министерството за образование и наука (МОН) како…