(Видео) По рекордно високите температури и сушата, на средина на мај во Шпанија заврна снег
По неколкумесечната тешка суша и рекордно високите температури измерени во Шпанија, на северот на земјата денеска падна снег, јавуваат локалните медиуми.
Снежни врнежи имаше во областа Ла Раја во провинцијата Астуриас, а во исто време град и обилни врнежи од дожд зафатија делови од шпанскиот брег, вклучувајќи ги Каталонија и Валенсија, по неколку месеци без капка дожд.
Во Шпанија годинава е забележан најсувиот почеток на годината од почетокот на векот, соопштија минатиот месец метеоролозите.
Во земјата од почетокот на годината има 11 дена потопло од вообичаено, што е двојно повеќе од бројот регистриран во текот на целата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…
Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…
Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…
Украина ќе добие нов пакет воена помош…
Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката…
Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по…
УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…
Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…
Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…
Италија и Шпанија денеска се согласија да…