(Видео) По речиси две години по земја, планинарка првпат го виде Сонцето
Беатрис Фламини, елитна спортистка, планинарка и алпинистка, која во саботата на 20 ноември 2021 година влезе во пештера на длабочина од 70 метри надвор од Гранада, без никаков контакт со надворешниот свет сега излезе на површината, по поминати 500 дена во пештерата.
Сега, оваа спортистка веројатно треба да открие што се случило во претходниот периодиот, а меѓу клучните светски настани кои ги пропушти се војната во Украина и смртта на кралицата Елизабета.
Беатрис Фламини учествуваше во експеримент што беше внимателно следен од научниците, кои сакаа да откријат повеќе за способностите на човечкиот ум и деноноќниот ритам, односно секој биолошки процес кој покажува ендогени периодични промени во текот на 24-часовен период.
Елитната планинарка, како што објави нејзиниот тим за поддршка, собори светски рекорд за најдолго поминато време во пештера.
Таа имала 48 години кога влегла во пештерата и сама прославила два родендени. Таа го започна својот предизвик во сабота на 20 ноември 2021 година, пред избувнувањето на војната во Украина, кризата со трошоците за живот, крајот на носењето на маски поради Ковид-19 и смртта на кралицата Елизабета.
Медиумското покривање за нејзиното „излегување“ во светлината во јужна Шпанија денеска (14/4) беше ограничено за да не ја вознемират, но преносот на националната телевизија ТВЕ покажа дека таа носи темни очила и се качува кон тимот на нејзината поддршка насмеана. Тие со маски ја опколиле и ја прегрнале.
Говорејќи набргу потоа, таа го опиша своето искуство како „одлично и непобедливо“. Притисната за повеќе детали од новинарите, таа додаде: „Молчам година и пол, не разговарам со никого освен со себе. Губам рамнотежа, затоа ме држат. Ако ми дозволите да се истуширам – немам чепнато вода година и пол – ќе се видиме за малку. Дали е тоа во ред со тебе?’, праша таа.
Фламини го поминуваше времето под земја правејќи вежби за да ја одржува кондицијата и зафатена, сликајќи и плетејќи волнени капи. Таа зеде две камери GoPro за да го документира своето време, 60 книги и 1.000 литри вода, според нејзината група за поддршка.
Говорејќи на снимката обезбедена од Timecave, како што беше наречен нејзиниот потфат, за време на престојот во пештерата, таа рече: „Пештерите се прилично безбедни места, но многу непријателски настроени кон човекот и мозокот затоа што не се гледа дневна светлина, не се знае како поминува времето, немаш невролошка стимулација. Не е дека времето оди побрзо или побавно, туку како само стои, бидејќи секогаш е четири часот наутро“.
Фламини беше следена од тим од психолози, истражувачи, спелеолози – специјалисти за проучување на пештери – и физички тренери кои го следеа секое нејзино движење и нејзината физичка и ментална благосостојба, иако никогаш не влегоа во контакт со неа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Победникот на вечерашното европско првенство ќе добие…
Шпанската фудбалска репрезентација вечерва има можност да…
Спортско попладне: Финале на Вимблдон, па финале…
Денеска со почеток во 15 часот се…
Шпанскиот репрезентативец Jамал стана најмладиот стрелец…
Ламин Јамал, фудбалскиот препрезентативец на Шпанија, стана…
Шпанскиот парламент ќе расправа за признавање на…
Предлогот на групата каталонски пратеници „Јунтс“ до…
Од 2028 година нема да се изнајмнуваат…
Барселона денеска објави дека до 2028 година…