Објавено на:

(Видео) Прекрасен прв гол на Алиоски во Фенербахче

t

Фенербахче во рамките од третото коло во турската Суперлига ја запиша и втората победа во новата сезона остварена дома над Адана Демирспор со 4:2.

По првиот дел домаќините водеа со двата гола на Валенсија кој напрвин стрелаше од пенал во 21 минута, а во 41 ја зголеми позитивата после асистенцијата на Дурсун.

На стартот од второто полувреме за 3:0 се погрижи Зајц, потоа се вратија гостите со два погодоци преку Белханда од пенал во 55 минута и Дзјуба во 66 минута.

Во 80 минута за Фенербахче во игра влезе македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски кој само четири минути подоцна стрелаше прекрасно со левата нога за поставување на конечниот епилог. За нашиот играч тоа е првиот гол за гигантот од Истанбул.

Следниот меч составот на Жорже Жезус ќе го има на 29 август на гостувањето кај екипата на Коњаспор.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антиќ го става на аукција неговиот шампионски…

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (КФМ), Перо…

Роналдо би можел да му се придружи…

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо би…

(Видео) Прекрасен прв гол на Алиоски во…

Фенербахче во рамките од третото коло во турската Суперлига ја…

УЕФА го казни Фенербахче бидејќи навивачите скандирале…

УЕФА изрече казната за турскиот фудбалски клуб…