(Видео) Преносна батерија предизвика пожар во патнички авион
Преносна батерија (power bank) се запалила во патнички авион на авиокомпанијата „Чајна Истерн Ерлајнс“ веднаш по слетувањето на Меѓународниот аеродром „Гуијанг Лонгдонгбао“ во Кина. Во инцидентот нема повредени.
Пожарот избувнал на летот MU2421, што го извршувал авион „Ербас А320“ на релација Ланџоу – Гуијанг.
Според кинеските медиуми, преносната батерија се запалила во рачниот багаж на еден од патниците додека авионот бил паркиран покрај терминалот. Кабинскиот екипаж веднаш реагирал и успеал да го изгасне пожарот пред патниците да го напуштат авионот, а на местото на настанот пристигнале и аеродромските пожарникари.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа чад и пламен како излегуваат од отворената преграда за рачен багаж, додека членовите на екипажот го гаснат пожарот.
Патниците изјавиле дека накратко настанала паника, но посочиле дека екипажот останал смирен и им давал јасни инструкции.
Авионот претрпел помали оштетувања од чадот.
„Чајна Истерн Ерлајнс“ дозволува внесување преносни батерии само во рачниот багаж, но забранува нивно оставање во горните прегради над седиштата, како и нивна употреба за полнење електронски уреди за време на летот.
Кина во 2025 година ги заостри правилата за внесување литиумски батерии на домашните летови по повеќе инциденти со нивно самозапалување. Новите прописи забрануваат внесување преносни батерии без задолжителна кинеска безбедносна сертификација (3C) или со неважечки ознаки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…
Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…
Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…
(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…
Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…
Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…
Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…
Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…