Објавено на:

(Видео) Преседан во Мелбурн – Ѓоковиќ одби да даде интервју: „Прво нека се извинат, ме навредија мене и мојот народ“

t

Новак Ѓоковиќ е подготвен да ја плати казната и да ги прифати сите последици што следат откако по мечот со Јиржи Лехечка, тој одби да разговара со Џим Куриер на теренот. Тој не сакаше да даде интервју како што е вообичаено по мечот, а сето тоа поради новинарот Тони Џонс, кој пред неколку дена ги навреди него и Србите на официјален пренос на турнирот.

Новак на конференцијата објасни дека тој е причината за сето ова и дека не зборувал поради него, а за тоа е подготвен да плати казна. Пред да дојде на пресот, тој разговараше и со директорот на турнирот Крег Тајли и се пожали на тоа. Едно од прашањата беше за деталите од разговорот со човекот кој е задолжен за првиот Грен слем сезонава.

„Како што ви кажав, му кажав и нему. Тој комуницираше со мојот агент и тимот. Имам одличен однос со Крег, тој е одличен човек, се обидува да им помогне на играчите, ги разбира нашите потреби и барања. Сигурно го знаеше мојот став и причините зошто го направив тоа, реков дека можам слободно да бидам казнет затоа што не дадов интервју, рече Новак.

Тој уште еднаш нагласи дека публиката не била причината и дека ништо толку страшно не се случило на теренот.

„Ништо посебно не се случи. На секој натпревар се случува нешто. Веќе објаснив зошто не дадов интервју, тоа не е поради публиката “, заклучи Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…