(Видео) Претседателката на лекарската комора: Немаше основ за одземање на лиценците на лекарот кој ја остави Веапоска без неколку органи
На денешната прес-конференција на претседателката на Лекарската комора на Македонија, Проф. д-р Калина Гривчева Старделова соопшти дека е предложено Судот на честа да ја одземе времено лиценцата за работа на анестезиологот кој во тетовската болница ги снимаше родилките и ги објави на Тик-Ток.
На прашање на Инфомакс дали Лекарската комора немала основ да ја одземе, барем времено лиценцата во посериозни случаи, како на пример случајот со родилката Јилдз Веапоска, претседателката одгвори дека немале основ за одземање на лиценцата, согласно актите на Лекарската комора и дека ќе чекаат судска пресуда за случајот.
Како што објасни професорката, согласно Законот за здравствена заштита и актите на Комората, мора да се почека правосилна судска пресуда се докаже дека лекарот предизвикал трајно нарушување на здравјето на пациентот или смрт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…